Добредојдовте на Digital School, единственото училиште целосно посветено на едукација на деца и млади во програмирање.

Визијата на Digital School е да овозможи секое дете да има пристап до квалитетнo учење на фундаментални знаења од дигиталните науки и технологии и вештини за програмирање, со инструктори со индустриски и академски експертизи, и интернационални програми.

Мисијата на  Digital School  е да предаде фундаментални знаења и вештини за дигиталните науки и технологии уште од најрана возраст. Да ги припреми децата за новото информатичко општество кое ќе го наследат.

Приватното училиште за дигитални науки и технологии, Дигитал Скул (Digital School) е специјализирана и посветена на едукација на деца и млади од 7 до 18 години  а со цел воведување на најмладите во дигиталните науки и технологии од најрана возраст.

Основните цели на Дигитал Скул  се да ги оспособи учениците за информатичкото општество кое ни се случува.

Дигитал Скул е интернационално школо кое веќе го имплементира овој успешен модел  во Германија, Словенија, Босна, Косово, а од оваа година и во Македонија.

Алатките кои  се користат се упростени индустриски технологии прилагодени за детска возраст преку различни педагошко дидактички прилагодувања и подготвени од врвниот институт за технологии при универзитетот во Масачусетс, МИТ и CODE.

Со знаење и начинот на кој работиме на курсеви за програмирање, ги охрабруваме учениците да бидат независни  и подобри решавачи на проблемите.

Преку основи на програмирање  децата ги учат првите чекори во програмирањето и  ја изразуваат својата креативност преку создавање на 2D игри.

На почеток децата ги  учат  концептите за програмирање, логика на програмирање, општо познавање на технологиите, компјутерите и компутерската архитектура, како и методите за решавање проблеми во програмирањето.

Понатаму, програмата ги учи децата  како да ги програмираат своите 3Д-игри преку прилагодена наставна програма изготвена од Digital School на платформата на Мајкрософт наречена Kodu.

Во напредното програмирање учениците  веќе учат HTML, CSS и JavaScript. Во текот на оваа програма, учениците ќе можат да решаваат сложени проблеми при програмирање преку real textual coding  базирана на  JavaScript. Исто така, ќе ги совладаат програмските јазици за  веб  како PHP, додека базите на податоци ќе ги учат користејќи MYSQL.

Последниот модул на програмата е да ги едуцира учесниците во областа на напредно професионално програмирање за Android и iOS платформи

По завршувањето на програмата KODU, учениците продолжуваат да учат понапредни вештини за програмирање преку платформата Stencyl. Во текот на оваа година, учениците ќе ги подобрат своите програмски вештини преку овој програмски јазик што се користи денес во разни развојни компании за развој на различни програми

Професорите во Дигитал Скул се  обучени и сертифицирани со цел да ги едуцираат децата и да ги водат низ  целиот екосистем со цел кој е креиран така што  создаваа инсприративна и мотивирачка средина за децата и младите на возраст од 7 до 18 години.

01. Решавање на проблеми

02. Креативност

03. Логичко размислување

04. Квалитет