Основи на програмирање е програма дизајнирана за деца на возраст од 7 до 14 години кои сакаат да ги научат првите чекори во програмирањето и да ја изразат својата креативност преку создавање на 2D игри. Првата година опфаќа четири нивоа, од кои првите три се однесуваат на платформата CODE додека четвртото ниво ја користи платформата Scratch. Преку овие четири нивоа, децата ќе имаат можност да учат од прилагодениот план на Digital School и да ги совладаат концептите за програмирање, логика на програмирање, општо познавање на технологиите, компјутерите и компутерската архитектура, како и методите за решавање проблеми во програмирањето.