Што всушност е Онлајн Летна Школа 2020 на Дигитал Скул Македонија?

Онлајн летната школа е наставна програма посветена за деца од возрасни групи 8-12 и 12-16 години, со цел да се стекнат со практични вештини во дигиталната технологија и информатичкото општество. Специфично за овој курс е што нудиме опција и за целото семејство односно не само децата, туку со нив да учат и нивните најблиски.

Предноста на онлајн летната школа е можноста да ја следиме насекаде во Македонија, само да имате лаптоп и пристап до Интернет. Наставата ќе се случува 4 седмици, секој ден по блок два академски часа.

Наставната програма се состои од 4 модули секоја недела по еден. Секој модул нуди теоретски и практични вештини за учење во областа на технологијата.

Нашите ученици ќе се стекнат со извонредни знаења од областите:

    • Дигитално граѓанство и компјутерски системи;
    • Безбедност на интернет;
    • Вештачка интелигенција и машинско учење;
    • Роботика;

Летната школа трае 4 седмици, од 29.06.2020 до 24.07.2020.

  • Цело Семејство  – 10.000 денари.
  • Еден Ученик – 8.000 денари.
  • Редовни Ученици на Дигитал Скул Македонија – 15% – 6.800 денари.

Ваша обврска е да обезбедите интернет и компјутер, наша обврска е да обезбедиме многу знаење и забава. Од септември не очекува новиот свет, да бидеме спремни.

Модулот трае 4 седмици.