Драги родители и старатели,
ве информираме дека во овие две седмици ги завршивме сите организациски и технички активности за да продолжиме со наставата онлајн. Ви благодариме за трпението, поддршката и соработката.
- Ве информираме дека цената на школарината за месец Март ќе биде пресметана на пола од договорената месечна цена. Значи, за Март 50% намалување од месечната цена.
- За месец Април ќе пресметаме попуст од 20% од договорената месечна цена.
Со ова сакаме да бидеме дел од решението од ударот врз социјално, економско и образовно живеење што ни го нанесе КОВИД-19 вирусот.
Ќе ги вложиме сите напори квалитетот на наставата да биде ист или подобар а децата да се стекнат со своите сертификати без значително доцнење. За дополнителни детали ве молиме јавете се на 070224372 или info@digitalschool.com.mk.
Со почит,
Дигитал Скул Македонија