18 локации на Digital School низ Европа и Балканот
Digital School, е приватна образовна институција специјализирана и посветена на едукација на деца и млади од 7 до 18 години за информатичка технологија.
Школото е интернационално и во Македонија е отворено во Јануари 2019 година, како резултат на големата потреба на новата генерација за подлабоко учење и знаење од оваа област.
Наставната програма со која работи Digital School се заснова на наставните програми изработени од CODE и MIT во САД.